Влатко пред 4 дена наполни 33 години

Влатко Илиевски (2 јули 1985 – 6 јули 2018) — македонски пејач на поп и рок музика.

Пред само неколку дена на 2 јули го прослави својот 33 ти роденден.

Илиевски починал вечерта на 6 јули 2018 г. Телото било пронајдено во неговиот автомобил на улицата „Трета македонска бригада". Првично, причините за смртта не се познати

Полицијата засега не објави причина за смртта, но траги на насилство не се пронајдени.
Последната негова фотографија на Фејсбук профилот е објавена синоќа, каде што облечен во шарена мајца Илиевски си направил селфи, само неколку часа пред да се случи трагедијата.

Својата кариера ја започнал во почетокот на 2000-те и се стекнал со голема популарност ширум македонската публика. Изведувал музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претсавува Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка".

Поврзани

Најнови вести

Коментари