logo
logo
logo

Владо Јаневски доста паузираше, најави голем концерт во Тетово

Vecer | 02.07.2021

Владо Јаневски доста паузираше, најави голем концерт во Тетово

По пауза од можеби 3 години, една од најголемите поп-ѕвезди во Македонија, Владо Јаневски повторно со голем концерт во Тетово на 17-ти овој месец. Тетовци особено се сеќаваат на средбите со Владо наназад низ годините, каде заедно со нивниот миленик ги пееле најголемите хитови. Исто така, и Јаневски во неколку прилики има изјавено дека токму во Тетово е една од неговите најдобри публики.

- Се радувам на повторната средба со мојата публика во Тетово, секогаш сме поминувале незаборавно. Таму имам и доста пријатели со кои сум во постојана комуникација. На 17 - ти можам само да им ветам одлична забава која долго ќе се памети - вели популарниот пејач.

"Што и да е ќе помине", "Е ама јас те сакам тебе", "Евергрин", "Што и да ќе помине", "Две души и месечина", се само дел од пребогатиот репертоар на миленикот на публиката, кои ќе се пејат на 17-ти јули во "Двор 21" во Тетово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk