Владо Георгиев претепан во Белгија!?

Пејачот Владо Георгиев наводно е претепан во петокот вечерта пред еден клуб во Белгија.

Неколку дена пејачот престојуваше таму за да сними спот, а наедно ги одржа и закажаните концерти. За време на паузата во друштво на тапанарот излегол пред клубот за да запали цигара.

Во тој момент пред нив поминувале неколку девојки и момци, а Владо наводно почнал да и дофрла на едната од нив, што довело до кавга и тепачка, а набрзо на лице место пристигнала и полиција.

Најдебелиот крај го извлекле Владо и неговиот колега. Случката била во раните утрински часови, а пејачот следниот ден имал договорен настап во Штудгарт кој сакал да го откаже зашто не можел да пее, но сепак одлучил да го одржи концертот.

Кога од српскиот медиум Свет.рс го контактирале за изјава, тој одговорил:

-Што ви треба? Ма каква тепачка? Излегов да запалм цигара и се случи што се случи. Не сум повреден. Се тепаа некои луѓе, кусо изјавил пејачот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари