Каква свекрва ќе биде Цеца...

ВИП открива! Цеца е главна во куќата! Ова е вистината за нејзиниот однос со вереницата на Вељко

Цеца ќе биде совршена свекрва но под еден услов!

Веста дека Вељко Ражнатовиќ се верил двојката Богдана одекна како бомба. Идната свекрва, фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, прва ја поделила веста на својот Инстагам со детали од веридбата , фотографии од вереничкиот прстен, часовниикот...

Бидејќи е сосема сигурно дека свадбените ѕвона пред куќата на Богдана ќе се слушнат оваа пролет, не интересираше каква свекрва ќе биде Цеца? Одговорот на тоа прашање го дава астрологот Душан Величковиќ.

- Цеца ќе биде совршена свекрва. Онаква како секоја жена може само да посака. Тоа и стои во наталната карта – вели астрологот и го објаснува своето мислење.

- Венера и Меркур и се наоѓаат во знакот на Рак, што значи дека таа е личност која сака хармонија. Најдобро се чуствува во својата куќа, тоа го носи од својето примарно семејство, од Житораѓа. Поради тоа таа живее со сестрата, со зетот и со нивните децата... Цеца е семејна жена, сака да биде опкружена со сите. Најважен и е животот во својот двор, со своите деца и своите најмили. Иако таа е главна во куќата, за хармонија во домот подготвена е на разни отстапки. А за семеен мир и среќа, подготвена е на се – објаснува Величковиќ.
Тој вели дека Цеца ќе ја обожува идната сопруга на Вељко, која исто така е поврзана за семејството.

- Богдана потекнува од патријахално војводинско семејство, воспитана е да почитува маж а семејството и е светост... Среќата му се насмеала на Вељко бидејќи избрал вистинска и вредна девојка за себе .

Астрологот вели дека Цеца во наталната карта и стои посебна поврзаност со своето прво дете, кое пак по раѓање запишано му е страст спрема спортот.

- Таа е многу врзана и за Вељко и за Анастасија, меѓутоа во наталната карта и стои посебна поврзаност со Вељко, на кого предодредено му е да биде спортист. Таа ќе му биде негова доживотна потпора. Богдана нема да ја одвојува од своите деца, ќе ја сака подеднакво како нив. Единствен проблем би можел да се случи доколку Цеца би се обидела да решава некои нивни евентуални недоразбиеања и кавги – објаснувајќи дека бракот е институција на двајаца.

- Бидејќи Цеца сака хармонија и семејство, таа ќе се обиде и туѓите проблеми да ги гледа како сопствени и да ги решава сама. Доколку дојде некои расправии помеѓу Вељко и неговата идна сопруга, ќе направи проблем. И на нив но и на себе. Ќе мора да свати дека бракот на Вељко е негова работа, и тој ќе мора да научи сам да ги решава своите проблеми – истакнува Душан Величковиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари