logo
logo
logo

Ќе биде ли Вилијам последниот британски крал?

Vecer | 24.09.2022

Ќе биде ли Вилијам последниот британски крал?

По смртта на кралицата Елизабета II. се отворија многу прашања за значењето на постоењето на британската монархија и нејзината иднина со новиот крал Чарлс III.

Новиот крал на чело на монархијата дојде во осмата деценија од животот, па веројатно нема шанси да ја достигне популарноста на неговата мајка, која на тронот беше цели 70 години. По смртта на Елизабета Втора, принцот Вилијам стана наследник на британскиот престол, а неговиот деветгодишен син Џорџ сега е втор по ред за круната.

Но, Џорџ можеби никогаш нема да стане крал.

Така барем предвиде Хилари Мантел, британска писателка и експерт за монархијата.

Мантел, инаку експерт за историјата на династијата Тудор, еднаш изјави дека верува дека Вилијам ќе биде последниот британски крал и дека малиот Џорџ никогаш нема да седне на тронот бидејќи монархијата нема да опстане уште неколку децении.

„Мислам дека Џорџ никогаш нема да биде крал, но не би се обложила на тоа. Многу е тешко да се разбере концептот на монархија кога членовите на кралското семејство се гледаат како ѕвезди. Посакувам сите помалку да зборуваме и да дозволиме да најдат решение“, изјави таа.

Доколку, теоретски, Чарлс доживее до возраста на својата мајка, Вилијам нема да седне на тронот до 2046 година, на 63-годишна возраст.

Така, малиот Џорџ ќе стане наследник на 31 година.

Ако Вилијам живее до возраста на кралицата Елизабета, Џорџ ќе мора да чека до 2078 година за тронот.

п.с. Кај Турците, младата династија го презема кормилото на возраст од 30-45 години, пред старите да се пензионираат и/или починат.

Извор: Индекс

Фото; Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk