logo
logo
logo

(ВИДЕО) ПО РЕЧИСИ ДВЕ ДЕЦЕНИИ: Џенифер Лопез и Бен Афлек фатени како разменуваат нежности во Малибу

Vecer | 16.06.2021

(ВИДЕО) ПО РЕЧИСИ ДВЕ ДЕЦЕНИИ: Џенифер Лопез и Бен Афлек фатени како разменуваат нежности во Малибу

Веќе нема никаква дилема – Џенифер Лопез и Бен Афлек се повторно заедно.

Двојката беше фотографирана како разменуваат бакнежи во јавност за време на вечера во Малибу, првпат откако се појавија гласините за обновување на романсата.

Имено, како што пишуваат странските медиуми, на парот подоцна им се придружило и семејството на Џенифер по повод 50-тиот роденден на нејзината сестра Линда.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=jIIUSEI5-Mg&feature=emb_title[/embed]

Тие се прегрнувале, бакнувале и разменувале нежности на масата за време на вечерата, не знаејќи дека ги демнат папараците. Со нив биле и децата на Џенифер, 13-годишните близнаци Макс и Еме.

Не е изненадување што Афлек веќе почнал да се дружи и со останатите членови на семејството Лопез, имајќи предвид дека мајката на Џенифер веќе ги дала своите благослови, пренесува „Page Six“

Афлек и Лопез кои беа омилениот пар на новиот милениум. Во јавноста почнаа да кружат гласини дека се повторно заедно во април годинава.

Нивната романса започна само неколку недели по раскинувањето на Лопез со свршеникот Алекс Родригез. Од тогаш парот се обидува да помине што повеќе време заедно. Во мај, тие отпатуваа во ултра-ексклузивниот клуб „Јелоустоун“ во Монтана, а неодамна изнајмиле куќа за одмор во Мајами. Лопез наводно планира да се пресели во Лос Анџелес за да биде поблиску до Афлек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk