logo
logo
logo

(ВИДЕО) Перо Антиќ за врската со Катарина: Кај што има чад, секогаш има и оган

Vecer | 26.02.2021

(ВИДЕО) Перо Антиќ за врската со Катарина: Кај што има чад, секогаш има и оган

Последните неколку дена во домашните медиуми се пишува дека македонскиот модел Катарина Ивановска не е заедно со својот партнер Цобе со која има две деца.

Исто така се пишуваше дека наводно Ивановска не чекала да си најде ново момче. Станува збор за претседателот на кошаркаркаската федерација на Македонија, Перо Антиќ.

Дополнителен жар на оган е ласкањето во коментари кое осамнува под објавите на Инстаграм на Кики и Перо.

Исто така, чаршиските муабети се зголемија кога во  еден скопски ресторан се најдоа: Тамара Тодевска, сопругот Александар, Катарина и Перо, па иако фотографиите беа објавени одделно,  јасно беше дека се дружеле на исто место и во исто време.

Катарина неодамна гостуваше во „Жешко столче“, а на прашањето дали дресот со број 6 и е омилен, а таа не баш сакаше да одговори и само кусо со симпатична насмевка рече: „Види, каде што има чад има и оган. Тоа е ха, ха, ха…“

По моделот, и Перо Антиќ седна на „Жешко столче“, а на прашањето дека единствена девојка која ја прошетал по разводот е девојката која одела по модни писти и дали е точно дека „каде што има чад има и оган“ (изјавата на Кики)“, Перо одговори:

„Кај што има чад секогаш има оган, но не знам за кои писти зборуваш…Колку што можам ја следам модата“ – одговори Антиќ не сакајќи многу да ги коментира гласините.

Тој истакна дека не му пречат трачевите за него, но му пречи кога ќе снема имагинација.

Дали меѓу Катарина и Перо навистина има нешто или сето тоа е само во доменот на скокотливите муабети на чаршијата, останува да видиме?!

Потсетуваме, Перо Антиќ пред повеќе од две години се разведе од сопругата Ружица со која има три деца, а Катарина и Цобе не стапија во брак , но имаат две деца, син и ќерка.

https://www.youtube.com/watch?v=lRdsDe1CFr0&feature=emb_title

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk