logo
logo
logo

(Видео) Ова е новата химна на многу скопски генерации

Vecer | 19.03.2023

(Видео) Ова е новата химна на многу скопски генерации

Пејачот и кантавтор Зоран Рудан Цеки инспириран од новата книга на авторот Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“ ја објави новата песна и спот со ист наслов.

„Џабе живиш у Скопје џабе сањаш друже мој, денес не е никој со никој нит е она на истиот број“, пее Цеки кој рече дека инспирација добил од текстовите на Ѕоф.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=2eBa-N2irv8[/embed]

Текстот е ултра носталгичен и пишуван на хардкор скопски сленг што е во фаза на изумирање. Цеки и Sоф се последните Мохиканци кои се борат за зачувување на „јазикот” на кој зборувале нашите претци.

Песната има три строфи и певлив рефрен, но во позадина Цеки успеал да го зипува животот на преку дваесетина генерации. Тука, како што вели авторот, ќе се пронајдат сите родени помеѓу ’50 и ’80 година.

Видео спотот е краток документарен филм од осумдесеттите години и содржи емотивни слики од тоа време. Секој стих заедно со неколкуте секунди што го следат е приказна сама по себе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk