(Видео) Нова песна на групата Fiction – ,,Некој друг”

Fiction е бенд оформен во јуни 2016та година од страна на Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара, пратечки вокали) и Филип Андонов (гитара).

Во почетоците функционираат како кавер бенд за подоцна да почнат да создаваат своја авторска музика.

Песната „Некој Друг” е нивното најново музичко парче. Музиката и текстот се на Виктор Захариев, а зад аранжманот стои целиот бенд (Fiction). На изданието учествуваат и Дарко Цакиќ на бубњеви и Симеон Ангеловски на бас гитара.

Инаку, Fiction токму со оваа песна настапуваа на овогодинешниот „Рокфест” во МКЦ каде што имаа одличен настап а Виктор Захариев ја зема наградата за најдобар гитарист на фестивалот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари