logo
logo
logo

Видео: Мајкл Џ. Фокс падна на сцената за време на дебата, Перкинсоновата болест зема замав

Vecer | 06.06.2023

Видео: Мајкл Џ. Фокс падна на сцената за време на дебата, Перкинсоновата болест зема замав

Пензионираниот 61-годишен актер, кому во 1991 година му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, ја загуби рамнотежата додека се качуваше на сцената.

За среќа, ударот го ублажил каучот на кој паднал, а актерот не се повредил и по падот брзо продолжил со панелот.

Во таа прилика му се придружија и неговите колеги од „Враќање во иднината“ Кристофер Лојд (84) и Том Вилсон (64).

Медиумите го објавија неговиот пад нешто повеќе од еден месец откако тој јавно изјави дека неговата 30-годишна битка со Паркинсоновата болест се влошува.

Фокс, кој го играше култниот Марти МекФлај во сите три филмови „Враќање во иднината“, дојде на панелот облечен лежерно: во црни фармерки и тексас јакна преку бела маица.

Во април, Фокс искрено зборуваше за неговата борба со Паркинсоновата болест, велејќи дека станува се потешко и потешко.

„Секој ден е се потешко... Така е“, додал познатиот актер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk