(Видео) Џеј Ло танцува во пижами за Божик

Момчето на Џенифер Лопез (49), поранешниот безбол играч Алекс Родригез објави снимка на Инстаграм во која Џеј Ло танцува во пижами околу накитениот камин и подготвените подароци.

Познатата пејачка и актерка овие денови има причина за славење бидејќи нејзиниот нов филм од неодамна се прикажува во кината низ целиот свет, таа исто така објави ново видео во кое е нејзината ќерка Ема, а освен тоа, Божик шири љубов и ги поврзува семејствата, така што Џеј Ло и Алекс уживаа заедно на големиот ден.

„Кога е Божик во прашање, таа е сè уште дете. Среќен Божик на сите“, напиша Алекс за неговата поубава половина.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари