logo
logo
logo

Веруваат дека е ГОЛЕМ БОРЕЦ... Марко Живиќ на респиратор

Vecer | 12.10.2021

Веруваат дека е ГОЛЕМ БОРЕЦ... Марко Живиќ на респиратор

Популарниот глумец и комичар Марко Живиќ води тешка битка за своето здравје и се наоѓа на лекување во КБЦ “Драгиша Мишовиќ“.

Глумецот Марко Живиќ од понеделникот е на респиратор пренесуваат домашните медиуми. Лекарите од КБЦ се борат за неговиот живот кој е загрозен како последица од корона вирусот.

Живиќ скоро три недели е на болничко лекување, а пред една недела примал кислород преку маска, меѓутоа докторите сега сепак морале да го интубираат.

На Марко сатурацијата почнала да паѓа и сите параметри му биле многу лоши, особено крвната слика. На двете плуќни крила има воспаление, а дополнителна компликација му направила бактерија на дигестивниот тракт. Со обзир на тоа дека тој пред неколку години е опериран од рак на хранопровод и желудник, бактеријата ја влошила неговата комплетна здравствена состојба. Се надеваме дека ќе успее да ја подеди короната, но доторите отворено ни рекоа дека е во многу лоша состојба. Веруваме во тоа дека Марко е голем борец и дека многу го сака животот – вели еден пријател на Марко за Информер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk