logo
logo
logo

Вељко Ражнатовиќ го ПРОЗВАЛ Балашевиќ, му одговорила дивата ЈК

Vecer | 21.02.2021

Вељко Ражнатовиќ го ПРОЗВАЛ Балашевиќ, му одговорила дивата ЈК

“Балашевиќ не заслужува никаков помен“, напишал Вељко.

Додека цела Србија и регионот со емотивни пораки се простува од Ѓорѓе Балашевиќ, Вељко Ражнатовиќ има поразлично мислење

Имено, тој на својот Инстаграм објавил снимка од концерт на Балашевиќ во Загреб, на кој музичарот рекол: “Јас инаку пејам на својот мајчин јазик но постои еден проблем, јас зборувам една расипана верзија на хрватскиот, таканаречен српски“.

На Вељко тоа му засметало, па ги искритикувал сите оние кои му одавале почит на Панонскиот морнар.

“Срби, по стара проклета навика, сами на себе се мо**ме! Затоа не не почитуваат, затоа ние секогаш сме виновни и да извинете не е*е кој ќе стигне. Оној кој си го навредува народот, не заслужува никаков почит, никакво сеќавање. Кој Хрват ќе биде подржан да оди во Србија и да каже ова што покојниот кантавтор господин Балашевиќ изјавил? А вие запрашајте се дали сте нормални је**** и колку фаци имате“, напишал Вељко.

На овие зборови набрзо реагирала Јелена Карлеуша...

“Ѓорѓе Балашевиќ е голем српски син, голем југословенски син. Лик кој шмекерски, интелегентно и духовито дрмаше кафези на малограѓани и шатро патриоти од овие простори. Сакан и почитуван од Вардар до Триглав. Вељко Ражнатовиќ е син на воен злосторник и криминалец, човек кој е црна дамка во српската историја и брука на овој народ. Не дозволувам вака да се скрнави името на Ѓорѓе Балашевиќ. Не дозволувам“, остро напишала Карлеуша на својот Инстаграм.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk