logo
logo
logo

Веќе ни самата НЕ може да се познае! МАДОНА НЕ ЛИЧИ НА СЕБЕ!

Vecer | 27.09.2022

Веќе ни самата НЕ може да се познае! МАДОНА НЕ ЛИЧИ НА СЕБЕ!

Во последно време многу се пишува за поп-дивата Мадона, но причина повеќе не се нејзините завидни успеси во кариерата, туку физичкиот изглед кој не престанува да ја интригира јавноста. На 64 години таа се уште има тело на кое би ѝ позавиделе двојно помладите жени, но нејзиното лице е сосема друга приказна.

Покрај тоа што целосно се обезличи со ботокс и филери, таа користи силни филтри на социјалните мрежи за да изгледа како 20-годишна девојка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Меѓутоа, кога ќе ги погледнете папарацо фотографиите, се станува јасно за неколку секунди. Сепак, најголемата иронија е нејзината сегашна зависност од пластични операции, на кои некогаш жестоко се противеше.

"Никогаш не би се подложила на некоја естетска операција. Самата помисла некој да те заспие, а потоа да те нападне со нож за да те разубави, ми се гади. Мојот изглед им го должам на гените и здравиот начин на живот", изјавила таа пред неколку години.

 

Madona

На последните фотографии направени по едно ноќно излегување во Њујорк, можеме да го видиме нејзиното вистинско лице кое упорно го крие, но не може засекогаш да побегне од објективите на фотографите.

Операциите на нејзиното лице минатата година ги анализираше познатиот пластичен хирург Гери Линкоу, кој изјави дека Мадона оперирала се што можела.

 

Madona

Тој проценува дека од 1982 година таа направила три фејслифтинзи, три пати ги подигнала веѓите, а двапати и очните капаци и вбризгувала филери до „пукање“. Хирургот не го исклучува фактот дека работела и на забни импланти, но и го отстранувала вишокот маснотии.

И додека си го средува лицето во апликациите, често заборава да ги среди рацете, а тие не можат да ја сокријат возраста. Освен ако не сте Мадона, па решите да ги скриете со ракавици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk