Пред финалето се случуваат големи промени кај обложувалниците за тоа кој ќе победи на Евровизија. Ситуацијата се менува од миг во миг..

После двете пполуфинални вечери, по се регионот фаворит гледа во Констракта. Откако во второто полуфинале стигна до финалето, дојде до постепен скок во обложувалниците, пред полуфиналето беше на 10. место, по што скокна на 8. позиција, а денеска на денот на големото финале е на 6. место.

Да потсетиме, пред неколку недели беше на 20-та позиција. Констракта сега го зазема шестото место на обложувалниците, со тенденција на раст.

Првите пет фаворити и понатаму се Украина, Велика Британија, а потоа следуваат Шведска, Италија и Шпанија.

Список на топ 15 фаворити:

  1. Украина
  2. Обединетото Кралство
  3. Шведска
  4. Италија
  5. Шпанија
  6. Србија
  7. Грција
  8. Полска
  9. Норвешка
  10. Холандија
  11. Молдавија
  12. Австралија
  13. Чешка
  14. Финска
  15. Естонија