logo
logo
logo

Васил од Cеверна Македонија СЕ ЖАЛИ НА ОРГАНИЗИРАН НАПАД

Vecer | 04.05.2021

Васил од Cеверна Македонија СЕ ЖАЛИ НА ОРГАНИЗИРАН НАПАД

Васил Гарванлиев кој треба да ја претставува Македонија на Евровизија за за евровизискиот портал Eurovision world.com, медиум посветен на настаните поврзани со Евросонг се жали за напади кон него и лажни вести.

- Работите беа извадени од контекст, се презентираа лажни информации, и тоа заврши со многу лоша реакција, со напади на интернет и јавен линч, вели тој.

Во написот насловен „Васил од Cеверна Македонија: Организиран криминал/напад“, покрај темите за „Евровизија“, тој зборува и за настаните по објавата на видеото за песната „Here I Stand” и неговото постаро интервју во кое со гордост кажува дека има и бугарско државјанство.

- Никому не му посакувам такво нешто, но кога го гледаме светлото во мракот, благодарен сум, бидејќи тоа и даде на мојата песна уште подлабоко значење, а мене уште поголема желба да бидам поуспешен.

Ова ме направи посилен како човек и како уметник, и ми даде поголема одговорност, да бидам гласот на безгласните, посебно за уметниците ширум светот кои ја немаат уметничката слобода да бидат тоа што се. Ќе ја замолчиме омразата со љубов, позитивна енергија и љубов, вели Васил за музичкиот медиум, вели Васил Гарванлиев

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk