logo
logo
logo

Васил на мака?! Вечер треба да пее на Евровизија, а сабајле ПЛАЧЕЛ

Vecer | 18.05.2021

Васил на мака?! Вечер треба да пее на Евровизија, а сабајле ПЛАЧЕЛ

Утрово се разбудив во шест со необична и убава енергија. Се исплакав до осум часот, ја пуштив убавата енергија која дојде, да помине низ мене. Плачев од среќа и убава енергија. Тоа е чувство што не можам да го опишам, рече Васил Гарванлиев за ММС утрово, пред да ги почне подготовките за вечерашниот настап, на првата полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија, што се одржува во Ротердам, Холандија.

- Презадоволен сум од мојот настап.  Цела сцена е исполнета  со љубов и енергија. На крајот од настапот  ќе светне изгрејсонце на сцена. Има специјален ефект,  сонцето изгрева зад мене. Па и главната порака на целиот настап е темнината ја претвораме во светлина и шириме љубов, вели уште Васил, кој настапува шести.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=113&v=nd4YfjVWrro&feature=emb_logo[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk