Кога светски хит ќе се спакува по штипски рецепт се добива “Illuminated” во изведба на Касапски и Давидовски.

Имено, со познатиот хит на дуото “Hurts”, “Illuminated”, младите штипјани Панче Касапски и Никола Давидовски ја остварија својата прва музичка соработка, со која ги најавуваат и нивните идни проекти. Штипскиот тандем открива дека ова е само почеток и дека во блиска иднина планираат да објават и  авторски материјал.

– Ова е можеби мал тест да видиме како ќе реагира публиката на нас. Да бидеме искрени, не очекувавме толку позитивни критики. Очигледно им се допаѓа комбинацијата на поп и оперско пеење, велат Касапски и Давидовски.

За оваа преработка, тие снимија и одлична видео приказн: