Вака изгледа Наталија Мартиновиќ - првата сопруга на Аркан со која има четири деца! (ФОТО)

Војин Ражнатовиќ, синот на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан на социјалните мрежи објави фотографија со својот татко која јавноста досега не ја видела.

Имено, Војин со следбениците сподели фотографија од сетството на која се гледа неговото семејство. Фотографијата е од 1988 година во Црна Гора пред манастирот Острог.

Покрај Војин, на фотографијата се наоѓа и неговиот брат и сестра, мајка му Наталија и таткото Жељко. Аркан од првиот брак со Наталија Мартиновиќ доби четири деца, близнаците Војин и Никола и двете ќерки Маша и Милена.

Близнакот на Војин со години не живее во Србија, а познат е по тоа што во 1998 година беше манекен во спотот на цеца за „Невалјала".

Неговата сестра Маша по завршувањето на студиите живее и работи во Њујорк. Милена пак завршува филмска режија на Универзитет во Калифорнија, но едно време беше на студии во Атина. Моментално живее во Њуј Орлеанс.

Поврзани

Најнови вести

Коментари