Уште една причина за славење: Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ споделија среќни вести

Покрај тоа што оваа година застанаа на лудиот камен, а потоа добија среќни вести за принова која е на пат, Александра и Филип имаат уште една причина за славење.

Имено, ресторанот "Три точки", кој овој пар го отвори во срцето на Белград како прв заеднички бизнис, прослави прв роденден, а пеачката и продуцентот се и повеќе задоволни со резултатот кој го постигнале во изминатата година.

- Горди сме што за една година од стара трошна куќа на Дедиње направивме омилен ресторан кој сите од околината но и од целиот Белград со задоволство доаѓаат. Кога сум во Белград, се трудам овде да бидам што повеќе – истакнал Филип.

За добрата атмосвера во ресторанот задолжени се тамбураши и поп бендови, храна и пијалок на светско ниво, а домаќинот е расположен да воведе нота на елеганција и да ги следи сите светски трендови. Иако ресторанот е отворен и за пушачи, Филип преферира да се користи iqos (електронска цигара).

Домаќинот исто така се труди покрај современите светски трендови на светската кујна, да се зачува и српската традиција, со акцент на т.н. "споро јагнешко", специјалитет кој за кратко време стана неизоставен дел во менито кој е особено баран од белгратската гастро публика.

Инаку ресторанот "Три точки" го крстил кумот на Живојиновиќ, композитор от Драган Брајовиќ Браја.

 

- Инспирација за името му дошла спонтано, како и секогаш, кога пишува најпознати хитови – открива Филип, со објаснување дека во ресторанот се е во знак на бројот три кој се наоѓаат и внатре и надвор, преку склуптури на три деојки, па се до уметнички слики кои се најдени во триптиси.

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари