logo
logo
logo

Уморна сум ДА ЗБОРУВАМ ЗА НЕГО Нада Топчагиќ шокираше со изјавата за Ибрахимовиќ

Vecer | 29.11.2022

Уморна сум ДА ЗБОРУВАМ ЗА НЕГО Нада Топчагиќ шокираше со изјавата за Ибрахимовиќ

Таа беше специјална гостинка на неговата роденденска забава минатата година

Пред неколку години вирално стана видеото од Златан Ибрахимовиќ како ја прославува победата на својот тим со песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ.

Откако дозна дека на почетокот на минатата година познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се појавил на сцената на најголемиот италијански фестивал Санремо со воведните тактови на песната “Утро е“, Нада Топчагиќ не можела да си дојде на себе.

Оттогаш, нејзиното име често се поврзува со неговото, а популарната пејачка минатата година беше и специјален гостин на неговата роденденска забава, каде имаше можност во живо да ја отпее неговата омилена песна на Златан.

Пејачката и фудбалерот се спријателиле, а Нада сега откри дека сите и поставуваат толку многу прашања за славниот фудбалер што веќе не и е пријатно да зборува за него.

-Има толку многу фудбалери, но поради неговата харизма Златан Ибрахимовиќ е толку популарен, само ме прашуваат каков е каде и да одам, уморен сум да одговарам на тие прашања. Сите ми се восхитуваат и ме пруваат каков е кон женаму, децата... – открила пејачката за “Прва“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk