logo
logo
logo

ТРОГАТЕЛНО

Учесникот од „Никад није касно“ го запознал семејството на момчето чие срце чука во неговите гради

Vecer | 10.03.2021

Учесникот од „Никад није касно“ го запознал семејството на момчето чие срце чука во неговите гради

Горан Филиќ Гогац, учесник во музичкото шоу „Никад није касно“ го привлече вниманието на јавноста заради својот талент, но и приказната за трансплантација на срце.

Тогаш рече: Благодарение на семејството на момчето кои ми го донираа неговото срце вечерва сум овде, со ново срце.

Подоцна Гогац открил како всушност родителите на тоа момче дознал дека всушност кај него е срцето на нивниот син.

- Не ја гледале емисијата, туку после ја прочитале веста. Така дознале за трансплантацијата. Рекле дека на истиот датум починал. Мислев дека имал 37 години, а всушност имал 32, рекол Горан и додал: Инаку, од Белград се. Имаше многу емоции, солзи. Сакав да ги запознаам. Сакав на направиме видео повик.

Потоа открил дека имало и средба, која била навистина трогателна. 

- Сопругата и јас стигнавме кај нив. Мајката ме гушкаше како да се знаеме сто години. Сестра му ми ја стави раката на срце и ми рече: „Само да го поздравам брат ми“. Зборувавме за се и сешто. Татко му ми кажа дека сум седнал таму каде што во неговиот последен сон седел син му. Тоа е уште еден доказ дека случајности не постојат, како онаа дека татко му се викаше како што се вика и татото на тоа момче, на пример, заклучува Горан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk