logo
logo
logo

Твитер е токсичен, а јас не сум кавгаџиќа - затоа ви викам ЧАО!

Vecer | 25.03.2021

Твитер е токсичен, а јас не сум кавгаџиќа - затоа ви викам ЧАО!

За неа се вели дека е една од поискрените ѕвезди на денешницата - односно дека е ѕвезда без влакна на јазикот.

Но, веројатно секоја приказна има крај. 35-годишната поранешна манекенка Криси Тајген реши дека е време да се повлече од „Твитер“ каде изминативе години беше посветено активна коментирајќи ги сите општествени неправди.

„Вие сте дел од мојот свет повеќе од десет години. Искрено, му должам многу на светот што го создадовме овде и навистина многумина од вас ве сметам за мои вистински пријатели“, се обрати Криси на својот твитер-профил велејќи дека е време за збогум.

Сопругата на пејачот Џон Леџенд, објасни дека оваа социјална мрежа повеќе ѝ нанела лошо, отколку добро во животот, па затоа, смета дека е вистинско време да се стави крај на таа етапа од нејзиниот живот.

Нејзината животна цел, вели Криси, е да ги направи луѓето среќни и тешко се справува со болката што ја чуствува кога не успева да го направи тоа.

„Отсекогаш сум прикажувана како одмаздољубива кавгаџика, што едноставно не сум“, вели Тајген, објаснувајќи дека нејзината желба да им се допаѓа и стравот да не ги вознемири луѓето ја направиле сосема поинаква личност од онаа што била кога се приклучила на оваа социјална мрежа.

„Секое добро во животот, твитерџии“, рече Тајген, додавајќи дека сите овие години се обидувала да ги охрабрува корисниците на социјалните мрежи да сфатат и никогаш да не заборават дека нивните зборови се важни.

„Со текот на годините, направив многу грешки пред стотици и илјадници луѓе, но одговарав за секоја грешка. Тука научив многу работи. Единствено што не научив е како да ја блокирам негативноста. Пречувствителна сум, во ред е! Не сакам да бидам таква, но едноставно тоа сум јас“, напиша Тајген, порачувајќи им на корисниците на „Твитер“ дека ги сака, но и дека ги мрази.

Тајген неколкупати до сега јавно зборуваше за влијанието на социјалните мрежи врз нејзиниот приватен живот, а во понеделникот повторно го изрази незадоволството од приустноста на „Твитер“.

„Навистина не се будам секој ден со обид да ве налутам, но некако успеав. Веројатно немам талент, претпоставувам дека е така“, напиша Тајген.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk