logo
logo
logo

Трудна пејачка објави фотографија на која позира УГУЛ ГОЛА

Vecer | 16.08.2021

Трудна пејачка објави фотографија на која позира УГУЛ ГОЛА

29-годишната пејачка на групатаЛитл Микс, Ли-Ен Пинок одлучи да ги израдува своите следбеници со фотографија од бременоста чиј опис разнежни многумина.

Таа често споделува разни фотографии на кои јасно се гледа како ужива во бременоста. На својот профил на Инстаграм, таа објави и серија фотографии во преден план од нејзиниот труднички стомак, а градите ги покри со рацете.

Овие фотографии ги воодушевија нејзините обожаватели со оглед на тоа што нејзиниот термин е многу близу.

- Сонував за моментот кога ќе можам да те запознаам, да те држам, да те водам и да те учам. Тоа време доаѓа наскоро - напиша пејачката во описот.

Фотографијата наскоро собра над милион лајкови и осум илјади честитки и комплименти во коментарите.

Ли-Ен често ја документираше и ја споделуваше својата прва бременост со пријателите. Така таа објасни дека бременоста е една од најтешките работи низ кои морала да помине.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk