logo
logo
logo

ТРГНА ПО СТАПКИТЕ НА МАЈКА СИ-Ќерката на Моника Белучи го освојува светот (ФОТО)

Vecer | 11.02.2021

ТРГНА ПО СТАПКИТЕ НА МАЈКА СИ-Ќерката на Моника Белучи го освојува светот (ФОТО)

Дева Касел, 16-годишната ќерка на Моника Белучи (56) и Венсан Касел (54), се појави на насловната страница на француското издание на магазинот „Eл“.

Славната италијанска актерка не крие колку е горда на својата ќерка, па насловната страница на која се појавува Дева ја објави и на својот инстаграм-профил.

„Уште една прекрасна насловна страница оваа недела за мојата Дева –  напиша Моника под фотографијата.

На Дева многумина ѝ предвидуваат успешна кариера на модел, а славното дизајнерско дуо „Долче и Габана“ ја прогласи за своја муза.

Дева има уште една насловна страница за престижното модно списание, чие издание го красеше во октомври 2020 година.

Поранешните сопружници Моника и Венсан од својот брак покрај Дева ја имаат и помладата ќерка Леона.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk