logo
logo
logo

ТРЕТА СРЕЌА! Хрватската актерка денес се мажи за екс советник на Колинда! (ФОТО)

Vecer | 12.06.2021

ТРЕТА СРЕЌА! Хрватската актерка денес се мажи за екс советник на Колинда! (ФОТО)

Хрватската актерка Јелена Вељача денес по трет пат ќе го каже судбоносно „да“.

Таа ќе се омажи за Вита Туршиќ, поранешен советник на Колинда Грабар Китаровиќ, со кого се вери во април годинава.

Според 24сата.хр, двајцата неодамна започнале да живеат заедно во стан од 165 квадратни метри во центарот на Загреб.

Актерката еднаш откри како започна нејзината љубовна врска со Вито.

-Вито и јас сме поврзани откако се запознавме, од првиот разговор, од првиот деловен настан кога поминавме време заедно во деловно опкружување. Значи, воопшто немаше основа за заљубување, ние сме едноставно поврзани на начин што може да се опише само како љубов - рече таа, пишува споменатиот медиум.

-Тој е брилијантно паметен, утешно искрен, нежен и бескрајно духовит. Не можам да кажам помалку од тоа - додаде тогаш Јелена.

Таа вчера на својот Инстаграм профил покажа како течат последните подготовки пред венчавката, а денес објави фотографија со својата љубов па имаме можност да видиме како изгледаат младенците.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk