logo
logo
logo

Трагедијата го шокираше Болдвин, изгубено викал: „Зошто ми дадовте наполнет пиштол?!“

Vecer | 22.10.2021

Трагедијата го шокираше Болдвин, изгубено викал: „Зошто ми дадовте наполнет пиштол?!“

Актерот Алек Болдвин пукал од реквизит, филмски пиштол, додека го снимаше филмот „Рѓа“, а истрелот ја уби снимателката Халина Хачинс (42) и го рани режисерот Џоел Соуз (48). Очевидци сведочат како актерот реагирал по трагедијата.

Showbiz 411 известува дека Болдвин веднаш по несреќата прашувал како можеле да му дадат „жежок пиштол“, односно огнено оружје наполнето со вистинска муниција.

„Сите овие години никогаш не ми дадоа наполнет пиштол со вистински куршуми“, рече актерот кој беше во шок по инцидентот и не знаеше колку тешко се повредени снимателката и режисерот, рече сведокот.

Истиот портал пишува дека очевидци тврдат дека истиот куршум ги погодил двете жртви, и дека прво поминал низ Халина, па во Џоел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk