logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА: Пејачот и победник на популарното шоу два дена бил МРТОВ, а никој не знаел

Vecer | 05.02.2021

ТРАГЕДИЈА: Пејачот и победник на популарното шоу два дена бил МРТОВ, а никој не знаел

Победникот во првата сезона од регионалното музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ Станоје Становиќ или Кале Дијамант, починал на 54-годишна возраст. Кале бил најден мртов во својот стан во Германија, и најверојатно починал од срцев удар.

Кале два дена не се јавувал на телефонот, по што семејството го обило неговиот стан и само констатирале смрт, пренесуваат српските медиуми.

- Почина нашиот и ваш крал на народната музика. Ќе останеш засекогаш во нашите срца, за нас си се уште жив. Најдобра татко, најдобар дедо, најголема наша ѕвезда, почивај во мир. Те сакаат твоите ќерки, сопруга и внуци, стои во објавата на неговото семејство на Фејсбук.

Деталите околу погребот ќе бидат соопштени дополнително бидејќи во моментов во тек е обдукцијата. Кале е роден во Обреновац, а со музика почнал да се бави уште во 80-те години кога настапувал по белградските клубови и сплавови. Често велел дека неговиот пат бил тежок, па затоа и се обидел среќата да си ја побара во Германија.

 

https://youtu.be/ZCE10i_gptM

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk