Лорен Максвел, четиригодишната ќерка на раперот Фети Вап, почина од засега непознати причини, а веста за нејзината смрт на нејзиниот Инстаграм профил ја потврди нејзината мајка Тиркиз Мајами.

„Ова е мојата неверојатна, убава, смешна, жива, талентирана, паметна и тврдоглава принцеза, сирена, Водолија“, напишала таа.

“Ако го видите овој пост, искоментирајте или само  напишете „те сакам Лорен “, бидејќи велат дека душите можат да почувствуваат љубов. Почивај во мир”, додаде уништената мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @fineassturquoise

Триесетгодишниот рапер директно не ја коментираше смртта на својата ќерка, но се чини дека ја потврди во неделата, откако настапи на фестивалот во Мајами, објави списанието Рап-ап.

„ЛоЛо, тато го направи тоа за тебе синоќа“, рече тој.

Лорен беше едно од неговите шест деца.