Младата пејачка Едита Арадиновиќ во јавноста секогаш е ведра и насмеана и ретко кој би помислил дека животот и бил полн со трагедии. Едита е родена во седмиот месец, со само 1,5 килограм и имала брат близнак, кој за жал, не преживеал.

– Другото бебе било машко и јас целиот живот имам чувство дека во стомакот на мама не сум била сама. Кога бев мала секогаш цртав портрети на кои пола од ликот е женски, а пола машки. Тогаш не знаев дека сум имала брат близнак, тоа го дознав кога имав 12 години, раскажала Едита.

Во 2005 година останала и без другуот брат.

– Знаевме дека ќе дојде до тоа затоа што имаше потежок облик на Даунов синдром, а луѓето со тој проблем не живеат долго. Почина кога имаше 21 година, додала Едита.