logo
logo
logo

Популарниот пејач Тозовац НА 85 ГОДИНИ ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ

Vecer | 22.03.2021

Популарниот пејач Тозовац НА 85 ГОДИНИ ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ

Популарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац на почетокот на месецот бепе хоспитализиран поради компликации со корона вирусот, а според српските медиуми за два дена ќе ја напушти болницата.

Тозовац кој има 85 години ги избегнал тешките последици затоа што наводно ја примил кинеската вакцина Синофарм непосредно пред да заболи со корона вирус.

- Предраг се чувствува одлично и денешната прогноза е дека ќе биде пуштен од болница за два до три дена. Тој беше примен со пневмонија и од претпазливост беше само на кислород. Непосредно пред да се зарази, тој примил друга доза кинеска вакцина, поради што немаше некои тешки симптоми. - рече изворот за медиумите, а потоа додаде:

- Благодарение на вакцината, тој избегна респиратор и на 85-годишна возраст, успеа да го победи, што многумина не успеваат. Здравствените работници, лекарите, сите се многу задоволни од неговата состојба - заклучи изворот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk