logo
logo
logo

Том Хенкс е номиниран за три „Златни малини“ за филмски промашувања

Vecer | 23.01.2023

Том Хенкс е номиниран за три „Златни малини“ за филмски промашувања

Наградата се доделува за најлошите филмски продукции.

Тој беше номиниран за Златна малина за две улоги: онаа на менаџерот на Присли во биографскиот филм Елвис и за улогата на Џепето во римејкот на Дизни на Пинокио. Во соопштението за медиумите на организаторите на наградите „Златна малина“ се наведува дека улогата на Хенкс во филмот „Елвис“ е „најисмеаната изведба во 2022 година“.

Дополнително беше номиниран во категоријата „најлош филмски пар“, а тоа беше „Том Хенкс и неговото лице полно со латекс (со смешен акцент)“. И додека филмот Елвис и неговата ѕвезда Остин Батлер беа пофалени од критичарите, улогата на Хенкс како негов менаџер, полковникот Том Паркер, беше силно критикувана од многумина.

Дизниевиот Пинокио ​​е меѓу петте најлоши филмски остварувања номинирани за овогодинешните награди „Златна малина“, заедно со контроверзниот биографски филм за Мерлин Монро наречен Русокоса. Рецензијата на New York Times вели дека Хенкс се појавува во Пинокио ​​со куп латекс на лицето и бизарен акцент.

Номинациите за „Златна малина“ обично се објавуваат ден пред објавувањето на номинациите за Оскар. Хенкс е во потесниот круг за Оскар за најдобар актер за „Човекот наречен Ото“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk