Том Хидлстон се враќа во улогата на Локи во нова серија

Том Хидлстон повторно се враќа во својата препознатлива улога на богот белјаџија Локи во новата ТВ-серија од „Марвел“.

Сепак, поради судбината што Лока ја доживеа во последниот дел на „Одмазници: Војна на бесконечноста“ сè уште не е познато во која временска линија ќе бидат сместени настаните во серијата.

Премиерата на новиот серијал ќе биде емитувана на новиот канал на „Дизни“, „Дизни+“.

Покрај овој проект, извршниот директор на „Дизни“ Боб Ајгер соопшти дека продукцијата „Лукасфилм“ работи на вториот серијал „Војна на ѕвездите“ кој исто така ќе се емитува на новиот канал.

Овој серијал ќе ги следи авантурите на шпионот Касијан Андор за време на оформувањето на Отпорот, односно пред настаните во „Роуг 1: Приказна за војна на ѕвездите“.

„Многу сум среќен што ќе се вратам во универзумот на ‘Војна на ѕвездите’“, изјави Диего Луна, кој ќе ја толкува улогата на Касијан Андор.

„Ни претстои одлична авантура, а новиот формат ќе ни овозможи подетално да го обработиме ликот“, заклучи актерот Луна.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари