logo
logo
logo

Тоа не е вонземјанин, тоа е НОВИОТ МОДЕН СТИЛ на Ким Кардашијан: „Ким, добро си?“

Vecer | 13.09.2021

Тоа не е вонземјанин, тоа е НОВИОТ МОДЕН СТИЛ на Ким Кардашијан: „Ким, добро си?“

Ким Кардашијан Вест го изненади целиот свет кога во саботата се прошетапо улиците на Њујорк. Таа беше видена облечена во кожа од глава до пети.

На нозете носеше црни кожени чизми со потпетици, црни кожени панталони, црна кожна маица и преку неа црн кожен капут. Сепак, најмногу внимание привлече црната, исто така, кожена маска преку нејзиното лице од која излегуваше само долга испеглана опашка.

Таа, исто така, објави фотографија од облеката на својот профил на Инстаграм каде ги шокираше своите фанови.

„Што по ѓаволите е ова?“, „Дали си добра? Сериозно прашувам?!“' - се само дел од коментарите.

Облечена во оваа необична садо-мазо облека, таа се пријави во хотелот Риц-Карлтон во Њујорк, пишува Page Six.

Ким моментално е во Њујорк поради познатата Мет Гала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk