logo
logo
logo

Тик Ток ѕвезда тврди дека Кијану Ривс му е татко - имал и доказ

Vecer | 26.10.2021

Тик Ток ѕвезда тврди дека Кијану Ривс му е татко - имал и доказ

Американскиот тиктокер Дастин Тајлер (36) е убеден дека неговиот татко е холивудскиот актер Киану Ривс (57), за што зборуваше во неколку свои видеа на ТикТок и ги откри сите детали.

Дастин тврди дека неговите родители се развеле пред неговата мајка да дознае дека е бремена и дека тој пораснал мислејќи дека татко му починал кога бил мал.

-Кога пораснав, мајка ми конечно ми ја откри вистината и ми кажа дека татко ми е Кијану Ривс - објасни Дастин.

„Никогаш не реков дека татко ми ме остави, туку дека мајка ми не му кажа дека е бремена кога раскинаа“, додаде Тајлер. Тој истакна дека не очекувал Кијану да го препознае како свој син.

@omfgitsdustintyler##foryou ##fyp

♬ original sound - DUSTIN TYLER

Неговите многубројни обожаватели одлучија да го поддржат во неговото верување, а многумина од нив му поверуваа затоа што заклучија дека навистина личи на актерот. Дастин вели дека не му е грижа дали татко му ќе го признае, туку само сакал тоа да го сподели со сите, а Кијану се уште јавно не проговорил за наводното татковство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk