ТЛЗП епизода два

Тијана "лапна" 1000 евра

Победничка во втората епизода на шоуто "Твоето лице звучи познато" е Тијана Дапчевиќ, која наградата во вредност од 1000 евра ќе ја донира на Центарот за лица со посебни потреби од Скопје.

 И токму таа најмногу ја вжешти атмосферата во ТЛЗП, поточно манекенките кои настапуваа со неа на сцената. На Тијана и припадна улогата на Лејди Гага и нумерата "Milion Reasons" изведена на модната ревија на "Ангелите на Викторија" во 2016 година, па затоа додека таа настапуваше на сцената дефилираа убавици во долна облека.

"Лејди Гага е одлична пејачка и врвен забавувач, а посебно оваа песна која е голем хит, многу е тешка за пеење и морав да се помачам", порача Тијана.

Освен Лејди Гага во затсиноќешната втора епизода од ТЛЗП публиката уште ги виде и Стеван Анѓелковиќ и Драгана Миќаловиќ како Тома Здравковиќ и Цуне Гојковиќ, потоа Ексл Роуз од ГНР, Саша Ковачевиќ, Бруно Марс и Ентони Кидис...

"Мислев дека ќе биде полесно, но се изгубив и со текстот, и со движењата, и чевлите ги оставив ваму, трчав таму, но добро беше ОК", рече Едита од Министарке, која се појави во улога на Северина, со која го има снимено дуетот "Уно моменто".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари