ВРЕМЕТО ЛЕТА КОГА СИ МАЈКА

Тиан на Туна наполни пет месеци!

Пејачката Туна Сејдиу деновиве преку интересна фотка на Инстаграм им откри на фановите дека нејзиниот син Тиан наполнил пет месеци.

Пејачката Туна Сејдиу деновиве преку интересна фотка на Инстаграм им откри на фановите дека нејзиниот син Тиан наполнил пет месеци. На фотографијата малиот наследник позира со големо кадифено мече, а под неа е испишан бројот пет.

Инаку, Туна само неколку дена по породувањето веднаш го покажа Тиан и ова е прво дете за албанската пејачка и избраникот Патрис Бериша, кој, исто така, е музичар. Парот во моментов живее во Скопје каде пејачката и го донесе на свет малиот наследник, а откако ќе потпорасне Тиан, двојката ќе продолжи со живот во Косово.

Непосредно пред породувањето Туна објави и интересна провокативна фотосесија на која во преден план беше трудничкиот стомак во стилот на Бијонсе.

Поврзани

Најнови вести

Коментари