logo
logo
logo

The Rock го подари својот сакан пикап на обожавател: „Бев трогнат од неговата приказна, го заслужи!

Vecer | 26.11.2021

The Rock го подари својот сакан пикап на обожавател: „Бев трогнат од неговата приказна, го заслужи!

Двејн „The Rock“ Џонсон (49) го донираше својот сакан пикап Форд на ветеранот на американската морнарица Оскар Родригез, како награда за неговата работа во локалната заедница.

Актерот го снимил целиот настан во трогателно видео што го сподели на својот Инстаграм профил во средата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

-Денес беше добар ден. Среќен Божиќ и уживајте во вашиот нов пикап. Ги поканив фановите на специјална театарска проекција на филмот „Red Notice“ и сакав да направам нешто кул за сите нив – напишал The Rock во описот на објавата, додавајќи дека сака да направи нешто незаборавно за еден фан.

- Мојата првобитна идеја беше да подарам Порше Тајкан, што го возам во филмот „Црвено известување“. Сепак, Porsche не ни го дозволи тоа. Но, јас реков - ќе направам нешто подобро. Ќе го донирам мојот личен камион, моето бебе – напиша Џонсон и додаде дека собрал многу информации за сите во публиката, а приказната на Оскар го трогнала.

- Тој се грижи за својата 75-годишна мајка. Личен тренер. Водач во својата црква. Обезбедува поддршка и оброци за жените жртви на семејно насилство. Горд и скромен ветеран на морнарицата. Љубезно човечко суштество – заврши актерот.

- Навистина сум без зборови, не знаев дека ова ќе се случи. Ова е таков благослов – вели воодушевениот ветеран во видеото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk