logo
logo
logo

Теа Таировиќ призна дека има симпатија

Vecer | 24.01.2023

Теа Таировиќ призна дека има симпатија

Иако важи за една од најпосакуваните пејачки на естрадата, Теа Таировиќ тврди дека нема момче, но има, како што вели, симпатија.

И се допаднал еден фудбалер кој го забележала на телевизија.

- Сама сум. Некогаш треба да сретнеш некого некаде за да не бидеш сам. Јас немам време. Имам симпатија од телевизија. Еден спортист е во прашање, фудбалер. Не се знаеме, тој е многу помлад од мене. Има 20 години – открива Теа за „Хајп“.

Инаку, ова не е првпат на Теи Таировиќ да и падне во око некој спортист, минатата година и се допадна кошаркар кој исто така е помлад од неа.

- Имам симпатија, станува збор за кошаркар кој никогаш не сум го видела во живо. Ќе ви кажам само дека е шест години помлад од мене и дека тоа е платонска љубов – изјави тогаш таа за „Информер“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk