logo
logo
logo

Теа Таировиќ е приведена во Шведска: Не ми ставија лисици

Vecer | 05.02.2023

Теа Таировиќ е приведена во Шведска: Не ми ставија лисици

Имено, како што пишуваше, на фолкерката ѝ биле ставени лисици, а полицаец не се одвојувал од неа.

Како што тврди Теа за тамошните медиуми, таа не била уапсена во Шведска, а полицијата во ниту еден момент не ѝ ставила лисици, туку приведувањето се одвивало редовно и според сите протоколи.

- Не знам што да кажам за тие пишувања, освен што сум многу лута и не знам од каде е информацијата. Ниту бев уапсена, ниту приведена, ниту пак полицијата ми стави лисици. Сѐ е во најдобар ред, а шоуто во Шведска помина одлично, како и секогаш. Нема место за тие шпекулации - изјави Теа.

Иако пејачката вели дека ништо од горенаведеното не се случило, на фотографиите кои се појавија јасно се гледа дека контакт со властите навистина се случил, а детали дал и нејзиниот менаџер Неша Бриџис:

- Полицијата синоќа дојде на редовен увид. Бараа договори, не само од неа туку и од Стоја и Девит. Таа го покажала договорот и полицијата ѝ се заблагодарила, немале причина да ја приведат. Вечерва настапува на приватна прослава во Софија, Бугарија - изјави Бриџис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk