logo
logo
logo

ТАЖНО! Славниот пејач почина од КОРОНА!

Vecer | 29.05.2021

ТАЖНО! Славниот пејач почина од КОРОНА!

Џон Дејвис, еден од пејачите на најпопуларниот двоец од 80-те „Мили Ванили“ починал неделава како последица од коронавирус на 66-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Дејвис починал во понеделникот во Германија, каде долго живеел и настапувал, соопшти неговата ќерка Џезмин Дејвис.

На Дејвис му ги препишуваа придружните вокали, но всушност тој бил водечкиот пејач на албумите на „Мили Ванили“.

Фабрис Морван и Роб Пилатус во 1989 година освоија Греми награда за најдобар нов уметник.

Кога било откриено дека ниту еден од нив не пеел на плочите „Мили Ванили“, на групата и била одземена наградата, а подоцна бендот се растурил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk