logo
logo
logo

ТАЖНА ВЕСТ: На 48-годишна возраст почина познатиот македонски музичар

Vecer | 08.12.2021

ТАЖНА ВЕСТ: На 48-годишна возраст почина познатиот македонски музичар

По кратко боледување на 48-годишна возраст почина џез музичарот, трубач и професор по труба Александар Николовски.

-Александар Николовски работеше како наставник по труба во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј, со голема љубов и посветеност кон инструментот и учениците, за да ги насочи и запознае со музиката и светот од другата страна на животот, поблескавата. Беше тивок и свој, без многу муабети, ишаретите ни ги кажуваше преку очите или гримаса и се беше јасно. Главно една добрица од човек, колегијален и секогаш спремен за убави нешта, се вели во дел од соопштението од колективот.

Александар Николовски свиреше со голем број џез и латино бендови. Настапуваше на голем број музички џез фестивали со разни музичари и музички формации. Тој потекнува од музичко семејство, чии родители Благоја и Марија Николовски беа познати и признати македонски музички уметници, а неговата сестра Сузана долгогодишен музички соработник во програмите и емисиите на МРТВ. Еден од неговите последни настапи беше на минатогодишниот „Џез фестивал 2020“ во Куманово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk