logo
logo
logo

ТАЖЕН МОМЕНТ: Легендарната пејачка се прости од публиката!

Vecer | 23.03.2021

ТАЖЕН МОМЕНТ: Легендарната пејачка се прости од публиката!

Тина Тарнер и официјално објави дека ја завршува кариерата, а со публиката ќе се прости преку новиот документарен филм за својот живот кој треба да се емитува на крајот од месецов. Тина на сцената  повеќе од шест децении, а сега во 81. година од животот решила да се повлече и да се прости од своите фанови.

За да и се оддложи на публиката за ХБО снимила документарец во кој ќе  ја раскаже својата животна приказна, и тој всушност е нејзиното последно обраќање до јавноста.

Во филмот таа зборува дека сака да влезе во последното поглавје од својот живот - без рефлектори. Во докуменарецот направен е и осврт на нејзината младост исполнета со тага и болка, потоа на љубовта и глобалната слава која ја стекнала во зрели години. Филмот открива и дека патела од посттрауматски стрес заради насилството кое го трпела во бракот со Ајк Тарнер.

Филмот „Тина“ е направен од архивски материјал, стари снимки и освен сјајот на славата и музиката, ја покажува и мрачната страна на нејзиниот живот.

Тина Тарнер е родена како Ана Меј Було, а кариерата ја почнува на 19 години, во 1958 како пејачка и придружен вокал во „Кралеви на ритамот“ заедно со Ајк Тарнер. Со него беше во брал од 1962 до 1978 година.

Во 1986 го запознала Ервин Бах, кога од страна на музичката куќа ЕМИ бил испратен да ја пречека на лондонскиот аеродром. Прво биле пријатели, а потоа влегле и во врска иако од неа е помлад 16 години. Во јули 2013 после 27 години љубов се венчале во Швајцарија каде и живеат последните години.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk