logo
logo
logo

“ТАТКОВСТВОТО И БРАКОТ МИ ДАДОА ПОВЕЌЕ ОД ХОЛИВУД“: Џорџ Клуни искрено зборува за семејството и сопругата Амал

Vecer | 28.03.2021

“ТАТКОВСТВОТО И БРАКОТ МИ ДАДОА ПОВЕЌЕ ОД ХОЛИВУД“: Џорџ Клуни искрено зборува за семејството и сопругата Амал

Дамите ширум светот и понатаму се одушевени од него.

Познатиот глумец Џорџ Клуни миленик на дамите ширум светот, кој пвеќе не е вечно неоженет, бидејќи среќата ја пронашол покрај шармантната Амал, и дури кога добил деца сватил дека неговиот живот добил смисла.

“Татковството и бракот ми дадоа многу повеќе од Холивуд. На пример чуство на припадност, чуство на дом и безусловна љубов – за сите работи за кои сте се надевале дека можете да ги добиете од навистина добра кариера и куче. Сваќате дека ова е многу повеќе од тоа“, рекол глумецот за познатито американско ток-шоу.

Клуни признал дека пред 50-те не би се впуштал во татковство, бидејќи постои еден клучен елемент во врска со раѓање на деца.

“Работата е во тоа што пронајдов вистинска личност со која би имал деца“, признал.

“Постојат некои луѓе, на кои тоа им била целта: “Морам да имам деца“, мојот не беше таков. Не гледав така на животот, туку дека ќе ми биде неисполнет без деца“.

“Чуствував дека имам прилично исполнет живот. Тогаш ја запознав Амал и сватив дека живото ми беше доста празен. А потоа кога дојдоа овие две дечиња, одеднаш сваќате колку невероватно се било празно пред тоа“, рекол Клуни и додал дека тој е кој дечињата ги учи на “лудории“.

“Целата моја работа е да ги научам навистина на лоши работи. Навистина уживам да ги учам своите деца да прават работи кои ја шокираат нивната мајка – шеговит порачал и како пример навел, наместо да ги научи своите деца да мачкат крем на тост или овошје, тој ги научил да ги наполнат пелените со Нутела, па дури да ги намачкаат и нозете. Тогаш Амал шокантно ќе ги погледне и вели: “Да не се мрднале“, рекол Клуни шеговито опишувајќи ја паниката на својата сопруга.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk