logo
logo
logo

Таткото на Меган Маркл сака интервју со Опра Винфри: Време е за вистината!

Vecer | 28.03.2021

Таткото на Меган Маркл сака интервју со Опра Винфри: Време е за вистината!

Таткото Меган Маркл и испратил писмо на Опра Винфри, нудејќи им ја својата страна на приказната во семејна драма во која „главна улога“ има неговата ќерка.

Томас Маркл, пензиониран директор за осветлување во Холивуд, во четвртокот се упатил кон имотот на Опра во Калифорнија, каде бил фотографиран како предава писмо на обезбедувањето пред домот на водителката, нудејќи се за ексклузивно интервју, објавува „The Sun“.

Водителката го направи интервјуто со Меган и Хари на почетокот на месецот. Интервјуто привлече големо внимание од светската јавност, бидејќи Меган покрај другото зборуваше и за чувството дека ја „изневерил“ нејзиниот татко, кој приватното писмо испратено од неа го покажал на новинарите пред венчавката со принцот Хари во 2018 година.

Томас Маркл долго време ја барал Опра за да ја раскаже својата страна на приказната.

„Сакав да напишам писмо до Опра во кое ќе ја замолам да ми даде можност да зборувам“, им кажал тој на новинарите минатата година.

Да потсетиме, Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, неодамна се закани дека ќе продолжи да зборува јавно во медиумите се додека неговата ќерка и нејзиниот сопруг принцот Хари не разговараат со него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk