logo
logo
logo

Тасманискиот ѓавол наполни 64 години (ФОТО)

Vecer | 19.06.2021

Тасманискиот ѓавол наполни 64 години (ФОТО)

„Силно, крволочно животно, со силни вилици како челична стапица, незаситно, јаде тигри, лавови, слонови, бизони, магариња, жирафи, октоподи, носорози, патки и зајаци.“

Душко Долгоушко нè запознава со ликот на тасманскиот ѓавол.

Во епизодата „Devil May Hare“ од анимираната, комична, кратка серија „Шашава дружина“, продуцентите го предизвикуваат главниот јунак Душко Долгоушко да се соочи со досега непознато животно од далечната Австралија.

Невештиот ѕвер со подвижно тело, големи вилици, месојадна природа и апетит без граници беше инспириран од постојниот цицач од Австралија, тасманскиот ѓавол.

Преку бројни епизоди, креаторите на Душко Долгоушко не запознаа со генијалноста на зајакот кој успеа да го измами секое животно на духовит начин.

Сите освен ѓаволот од Тасманија.

Зачуден од паниката на животните кои бегаат во непознати насоки, Душко Долгоушко дознава дека мистериозниот ѕвер, кој крвопролева цицачи, пристигнал на нивна територија.

Преку низа духовити трикови, умниот зајак ја користи мрзливата природа на тасманскиот ѓавол за да го измами.

Иако е опасно по природа, крвожедното животно се вљубува во тасманската ѓаволица, па кога Душко Долгоушко ги прогласи за маж и жена, тие заминуваат во далечната Австралија.

Оваа сцена го завршува премиерното појавување на ликот на тасманскиот ѓавол на денешен ден во 1957 година.

После дебито во киносалите и на малите екрани, продуцентите донесоа одлука ликот на тасманскиот ѓавол повеќе да не се појавува во епизодите на „Шашава дружина“.

Тие сметаа дека портретот на овој цртан лик е премногу агресивен за да им биде прикажан на децата и дека ќе пшредизвика незадоволството кај родителите.

Сепак, студиото „Ворнер Брос“ објави дека добиваат „кутии и кутии“ со писма во кои публиката бара да продолжи со емитување на епизоди во кои се појавува овој лик.

Откако студиото инсистираше на продолжување на прикажувањето на Тасманскиот ѓавол, овој цртан лик гостуваше во повеќе од 20 епизоди од серијалот на „Looney Tunes“.

Интересно е што гласот на „лутите ривали“ од оваа серија го позајми истиот човек.

Мел Бланк, кога го нарекоа „човекот со илјада гласови“, беше највлијателниот синхронизатор за време на златното доба на анимацијата во Холивуд.

Поради зголемената популарност на овој цртан лик, во раните деведесетти тој доби своја реализација, цртаниот „Dizzy Devil“ што ги следи авантурите на младиот тасмански ѓавол.

Неколку години подоцна, емисијата „Таз-манија“ започна да се емитува, во која тој е и главниот лик.

Ѓаволот од Тасманија стана симбол на модерната поп култура.

Неговиот лик се наоѓа на англиските чоколади, се дистрибуираат видео игри со него во главната улога, се произведуваат плишани играчки во негова форма и се снимаат бројни реклами во кои тој промовира одредени производи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk