logo
logo
logo

Тамара доби награда во Турција

Vecer | 04.10.2022

Тамара доби награда во Турција

Тамара Тодевска освои награда за „Пејачка од Македонија“, на меѓународниот фестивал „Best of Rumeli 2022“, кој вчеравечер се одржа во Истанбул, Турција. Во обраќањето пред присутните Тамара се заблагодари до организаторот и истакна дека за Истанбул секогаш ја врзуваат убави спомени:

- Низ досегашната кариера имам добиено повеќе награди, признанија и секоја од нив ми е особено важна. Овие награди не се само обични предмети туку се доказ за квалитетот на работатата, за музиката која ја продуцираме, за фактот дека си препознаен и надвор од своите граници. Искрено, Ви благодарам за честа и за фактот што повторно ме направите горда, посочи Тодевска.

Тамара веќе го најави и своето учество на домашниот фестивал „Макфест“, а во претстојниот период планирано е и издавање на две нови песни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk