logo
logo
logo

ТАА ПОБАРА, ТОЈ ЈА ПОСЛУША-Бајден престана да ја следи на Твитер познатата манекенка

Vecer | 25.02.2021

ТАА ПОБАРА, ТОЈ ЈА ПОСЛУША-Бајден престана да ја следи на Твитер познатата манекенка

Американскиот претседател Џо Бајден (78) престана да ја следи манекенката Криси Тајген (35) на Твитер и таа му рече дека конечно е на слобода.

Имено, манекенката и нејзиниот сопруг Џон Леџенд го поддржаа Бајден за време на кампањата, па дури и заминаа во Вашингтон на инаугурацијата, за Леџенд да може да настапи на виртуелен концерт.

Сепак, Криси сега побара од претседателот на Соединетите држави да престане да ја следи на Твитер за да може да објавува твитови без воздржаност.

„За да можете слободно да објавувате, ве молам, престанете да ме следите. Те сакам. Не зависи од вас, од мене зависи – напиша Криси на шега на Твитер и го означи сегашниот претседател на САД.

Инаку, Бајден на Твитер следеше само 13 лица, вклучувајќи ја и Криси, а сега тој број се спушти на 12, затоа што го послуша барањето на убавата манекенка.

Потсетуваме, 35-годишната манекенка е скоро четири години на списокот на блокирани профили на Твитер на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а веднаш откако официјалниот профил на американскиот претседател го презеде новиот претседател Џо Бајден , Тајген доби нов придружник.

Да потсетиме, Криси отворено зборуваше и за нејзината омраза кон претседателот Трамп. Последните неколку месеци, таа го нарекуваше злобен и најлош човек што шетал по светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk