Легендата на народната музика, познатиот композитор, аранжер и хармоникаш Драга Александриќ во интервју за познат весник, пред неколку години детално објаснил што се случувало помеѓу него и пејачката Весна Змијанац.
Имено, тие двајца соработувале, но според негово кажување пејачката не го испочитувала и му останала должна 50 илјади тогашни марки.
Драган Арсенијевиќ тогаш открил дека заедно работеле на бројни песни, а некои од нив и најголеми хитови, но и дека никогаш не добил пари за својата работа на нејзиниот најпопуларен албум.
-За неа ги напишав “Сватови“, “Иди широко ти поле“... И го правев тој албум со кој направиа хаос. Таа е најобична г*ска. Ми остана должна. За тој албум требаше да ми плати 85.000 тогашни марки. Ми даде само 28.000 за издавање на тој албум, отвори издавачка куќа Ники, и ја заврши работата, го издаде тој албум и ја затвори фирмата. Од кого да барам пари? Кого да го тужам кога фирмата не постои? Таа тоа вешто го одработи – рекол тогаш Драган за “Скандал“