ПРИРОДНО СИ Е ПРИРОДНО

Сузана Гавазова - без шминка и комплекси

Сузана Гавазова, иако важи за една од најсредените пејачки на домашната сцена, честопати можеме да ја видиме и како позира без грам шминка.

Сузана Гавазова, иако важи за една од најсредените пејачки на домашната сцена, честопати можеме да ја видиме и како позира без грам шминка. Деновиве уште еднаш фолкерката докажа дека не пати од никакви комплекси, па повторно објави фотка на која е во природно издание, а фановите воодушевени од нејзиниот изглед и порачаа дека изгледа прекрасно и ја опсипаа со пофални зборови и комплименти.

Инаку, Гавазова моментално е во Шведска со сопругот Јасмин и ќерките, а во едно интервју за ВЕЧЕР неодамна потенцираше дека има голема желба да се пресели во Австралија.

Презадоволна сум од животот во Шведска и супер ми е. И таму пеам и имам настапи, но тоа се случува поретко затоа што нашинците не организираат цело време забави, но кога организираат тогаш сите се весели и играат и пеат со мене. Покрај Шведска, како втора варијанта за живот би ја одбарала Австралија, тоа е една преубава земја каде има многу Македонци и со задоволство би се преселила таму, нормално, доколку имам добра причина за тоа. Па во Австралија повеќе се слуша и се цени македонската музика, отколку кај нас во Македонија", рече Сузе која неодамна ја видовме во проектот на битолскиот состав "Екстра бенд" каде што се појави како специјална гостинка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари